Стопроцентна гаранција за царинска дозвола

Bez autora
Feb 03 2011

Поедноставување на царинските постапки при увозот и извозот, развивање на електронски систем за ризични видови дозволи од страна на фирмите, особено во царинското складирање, како и намалување на царинските трошоци на економските оператори, се дел од измените на Царинскиот закон и Уредбата за спроведување на царинскиот закон. При вчерашната презентација на измените пред членките на Стопанската комора на РМ, неопходно е да се отстранат непотребните трошоци, што веќе ги нема во земјите од ЕУ. Работењето на Царинската управа треба да се усогласи со законодавство на ЕУ, при што ќе се направи целосна анализа и ревизија на царинското работење. Тој допрецизираше дека треба да бидеме дел од заедничката конвенција за транзит со ЕУ, за што е неопходно да аплицираме и пред да станеме дел од ЕУ.

Стопроцентна гаранција за царинска дозволаПоедноставување на царинските постапки при увозот и извозот, развивање на електронски систем за ризични видови дозволи од страна на фирмите, особено во царинското складирање, како и намалување на царинските трошоци на економските оператори, се дел од измените на Царинскиот закон и Уредбата за спроведување на царинскиот закон.

Како што информираше Ванчо Каргов, директорот на Царинската управа на РМ, при вчерашната презентација на измените пред членките на Стопанската комора на РМ, неопходно е да се отстранат непотребните трошоци, што веќе ги нема во земјите од ЕУ.

- Работењето на Царинската управа треба да се усогласи со законодавство на ЕУ, при што ќе се направи целосна анализа и ревизија на царинското работење - смета Каргов. Тој допрецизираше дека треба да бидеме дел од заедничката конвенција за транзит со ЕУ, за што е неопходно да аплицираме и пред да станеме дел од ЕУ.

Според Каргов до средината на март измените на законот ќе бидат на јавна расправа, а потоа на крајот на март треба да добие зелено светло од Владата.

Арто Лилман, тим менаџер за усогласување на македонската со европската законска регулатива, укажа дека најзначајните измени во царинското работење ќе бидат кај царинските декларации (увозно-узвозни) коишто електронски ќе се изработуваат. Според него најзначајно е кај царинските дозволи да бидат 100 отсто покриени од ризик и да нема одложено плаќање на царините оти тоа не постои во ЕУ.

- Доколку има задоцнето плаќање, мора да се плаќа и камата - потенцира Лилман.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на РМ, очекува јавната расправа за измените на Царинскиот закон да биде корисна, бидејќи за стопанствениците таа е важна од повеќе аспекти, пред се заради нивната стручност.

- Сите увозно-извозни фирми ги тангираат овие измени, затоа овој период од 2 месеци колку што ќе трае јавната расправа ќе бидат дадени прецизни забелешки кои се од техничка и финансиска природа и имаат големо влијание во работењерто на фирмите - вели Азески. Тој појаснува дека земјава граничи со Грција и Бугарија, кои се членки на ЕУ, а тие ги имаат имплементирано овие одредби, поради што и Македонија треба да ги имплементира за да може да се олесни протокот на стоки на овие гранични премини.

Азески укажува дека примената ќе предизвика одредени финансиски проблеми во работењето на фирмите и затоа членките на Комората ќе направат детална анализа за да се утврди како тоа конкретно ќе се одрази.

- Можно е да излеземе со барања усогласувањата со директивите на ЕУ да стартуваат во моментот на отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ - вели Азески и додава дека за еден месец ќе излезат со конкретен предлог дали ќе прифатат веднаш да се применат тие одредби, или ќе и препорачаат на Владата или на Собранието на РМ тоа да се направи во моментот кога ќе добиеме зелено светло за преговори со ЕУ.

Азески прецизира дека одредени реакции од страна на фирмите може да има за гаранциите, бидејќи се бара 100 отсто покриеност за извозните трошоци и трошоците на царинската постапка. Тој се надева дека другите одредби ќе бидат поддржани од стопанствениците, но не ја исклучува можноста и рокот за давање на забелешки да биде пролонгиран. За Азески дополнителен проблем е што се се уште се чуствува кризата во стопанството, а со тоа и финансиска неликвидност во македонската економија, што пак, ќе влијае на вкупната позиција на компаниите.

- Се бара висока солвентност, а сепак во македонската економија има многу несолвентни фирми - нагласува Азески и додава дека во земјава во моментов нема идеални услови за фунционирање, особено што се бара 100 % покриеност на кој било ризик.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik